



ИМС е целосно задоволување на потребите и барањата на клиентите од областа на менаџмент системите придонесувајќи за подобрување на конкурентната способноста на компаниите и институции кои работат на национално и меѓународно ниво.
ИМС со својата способност на доследно вршење на услугите и обезбедување квалитет што ќе ги задоволи барањата на клиентите, барањата на стандардите, националните прописи и меѓународните стандарди.
ИМС се стреми за ефикасност во обезбедување усогласеност помеѓу барањата на клиентите и барањата што произлегуваат од прописите, вклучувајќи ги процесите на постојано подобрување на услугите кон клиентите.
ИМС се стреми за целосна независност и непристрасност како организација која ќе го стави знаењето и ресурсите во функција на јакнење на способноста за обезбедување на услуги,
кои се секогаш на располагање за економијата на еднакво рамниште без оглед на големината, обемот на активности и седиштето.
ИМС прифаќа луѓе за соработници, кои се со претприемачко размислување, однесување и богатство на идеи, професионална компетентност и познавање, пракса, како и планирање, образование и обука, мотивирани за постојано подобрување на квалитетот на нашите услуги.
ИМС ја информира јавноста, отворено и објективно за нашите услуги, цени, а особена важност придодаваме на објаснување за тоа како работиме и соработуваме со корисниците на нашите услуги.
ИМС ги следи потребите на цели за уделот на пазарот, и сака да биде фер и транспарентна конкуренција, јасно да се разликува од квалитетот на нашите конкуренти, со услуги и иновативен препознатлив имиџ.



